Човечки менталитет J.A.

Image

~Кога имав 5 години сакав да бидам принцеза.
~Кога наполнив 10 магионичар.
~Кога имав 13 години сакав да станам пеачка.
А сега? Сега пријателе единствено по кое копнеам е нешто кое ќе ме одржува во тутканициве наречени живот. Токму сега сакам едноставно да го напуштам местово и сите патетични мемории. Смешно е нели? Како со самото растење соновите не се толку важни колку бегството кон подобро утре. Како со зголемувањето на годините ни се намалува добрата моралност, а се зголемува себичноста или пак како работите кои треба да ги поставиме први на листа како што се пријателите и семејството се заменуваат со помислата на сумата која се тркала во десниот џеб од фармерките. Го трошиме целиот живот да пораснеме со цел на крајот да разбереме дека самиот тој безвредно и безсмислено сме го потрошиле. Целта е да ја сфатиме реалноста дека не постои чудо како возрасен. Не,не… Само остаруваме и ако имаме малку среќа се опаметуваме. Додека сме млади ја бараме староста, старите пак ја бараат младоста. Само бараме, а никако да направиме нешто креативно со самите себе. Да не зборувам пак да пробаме нешто ново или пак да го живееме секој ден како последен. Сепак ние сме тоа специфично суштество кое покрај можноста да направи добро избира да е уништувач, оштетувач. Истото суштество кое и малку среќа да види како гладна хиена мора да ја изгрицка до последна трошка.
~ Не,не… Едноставно мора да пропадне ако е подобар. Јас да се потрудам за да го достигнам? Никако… А да се потрудам за да го бутнам? Па проблем ли е тоа?
   Безвредно е да се бега. Една раса сме. Исто градени сепак толку различни. Не безврска припаѓаме на групата цицачи. Ја цицаме позитивноста од светот. И се тоа, колку еден ден да си отидеме од самиот свет како патетична и безвредна појава која го шетала светот и како неандерталец се радувала и исмевала на туѓата мака.

2 responses to “Човечки менталитет J.A.

Leave a comment