Некаде каде што само ние знаеме J.A

Image

Те сакам. 

  • -Те сакам повеќе одколку што дебело дете сака торта.
  • -Те сакам повеќе од Хомер што ја сака Марж.
  • -Те сакам колку г-дин Крабс што сака пари.
  • -Те сакам повеќе од чоколадо (само те молам не ме терај да докажам) .
  • -Те сакам повеќе од зомби што сака мозок.
  • -Те сакам повеќе од Смигл што го сака своето скапоцено.

Јас малечко па за кратко време ти се протнав во мисли,а ти голем па цели ми ги исполни. Кога легнувам те мислам,кога заспивам те сонувам, кога станувам ти се јавувам. Успеа да направиш нешто што мислев дека нема да дочекам… Ме омекна. И да со тебе сум затоа што си различен, затоа што сме различни. Кога ми иде да земам нож што е поголем од мене и да изигравам сериски убиец од нервоза, ти ќе ми мавнеш чврга и ќе ме седнеш да гледам Пинк Пантер. Не ние не гледаме романтики… Стандард или комедија на која нема да можеме да земеме воздух од смеење или пак хорор по кој ќе завземат улога безброј пцовки и реченици од типот -Ради тебе нема да можам да спиам. Наместо да си викаме сонце и да се лигавиме си викаме дебели и се смееме. Секој ден успешно ме изненадуваш и ме тераш одпочеток да се заљубам. Додека на останатите заљубени снешкото им е голем и убав, нашиов е мал и деформиран, ама глеј го стариот никако да се стопи. Нема никогаш да те пуштам да си одиш затоа што автоматски сум насмеана кога ќе те видам и затоа што едвај 2-3 дена издржувам без тебе, а не пак повеќе. Можам уште сега да замислам. Послем добра комедија седнуваме на малата терасичка, ги пуштаме омилените песни и одмараме со црвено вино и милка чоколади… Малку подоцна кога ќе залади времето влегуваме и ти свириш и пееш а јас ги чкрабам тие “само за наши очи” текстовите. Повеќе љубов од тоа на едно место не верувам дека ќе најдеш. До сега сите пред тебе ме правеа убава, ме правеа совршена… ме трупаа со без значајни комплименти колку да се каже нешто, а никогаш не им текна да ме направат тоа што ти ме направи… Среќна. И сега стоиш втор на мојата листа од машкиот пол која ги набројува само тие вредните, така стоиш веднаш до татко ми.

Човечки менталитет J.A.

Image

~Кога имав 5 години сакав да бидам принцеза.
~Кога наполнив 10 магионичар.
~Кога имав 13 години сакав да станам пеачка.
А сега? Сега пријателе единствено по кое копнеам е нешто кое ќе ме одржува во тутканициве наречени живот. Токму сега сакам едноставно да го напуштам местово и сите патетични мемории. Смешно е нели? Како со самото растење соновите не се толку важни колку бегството кон подобро утре. Како со зголемувањето на годините ни се намалува добрата моралност, а се зголемува себичноста или пак како работите кои треба да ги поставиме први на листа како што се пријателите и семејството се заменуваат со помислата на сумата која се тркала во десниот џеб од фармерките. Го трошиме целиот живот да пораснеме со цел на крајот да разбереме дека самиот тој безвредно и безсмислено сме го потрошиле. Целта е да ја сфатиме реалноста дека не постои чудо како возрасен. Не,не… Само остаруваме и ако имаме малку среќа се опаметуваме. Додека сме млади ја бараме староста, старите пак ја бараат младоста. Само бараме, а никако да направиме нешто креативно со самите себе. Да не зборувам пак да пробаме нешто ново или пак да го живееме секој ден како последен. Сепак ние сме тоа специфично суштество кое покрај можноста да направи добро избира да е уништувач, оштетувач. Истото суштество кое и малку среќа да види како гладна хиена мора да ја изгрицка до последна трошка.
~ Не,не… Едноставно мора да пропадне ако е подобар. Јас да се потрудам за да го достигнам? Никако… А да се потрудам за да го бутнам? Па проблем ли е тоа?
   Безвредно е да се бега. Една раса сме. Исто градени сепак толку различни. Не безврска припаѓаме на групата цицачи. Ја цицаме позитивноста од светот. И се тоа, колку еден ден да си отидеме од самиот свет како патетична и безвредна појава која го шетала светот и како неандерталец се радувала и исмевала на туѓата мака.

Афера со филмот-Ј.А.

Image

Во овој живот па и по реинкарнацијата секој пат завршуваме заедно. Некако судено ни е да се најдеме без разлика на се, неизбежно е, јебига судбина. Сега, во претходниот живот кога преку писменца кои сме ги криеле под масата во собата сме комуницирале кои сме ги читале на штотуку недогорена свеќа. Секако и во самата прва година кога си ме побарал за жена, а јас од радост сум те треснала по главата со големата дрвена палка по што одма сум те земала да те запознаам со мајка ми, така при помала свест. Комплицирано, континуирано, неразбирливо, непроценливо, понекогаш и чудно… Сите добро го опишуваат она што го имавме. На боговите главна занимација им станавме ова љубовта во секакви сапуници ни ја претворија. Ма ниту една серија не ни е рамна. Како демек турска серија: пропадна фирмата, имам две деца, имам тајна лабороторија во подрумот преку која тргувам со марихуана или пак некои пресврти како на некоја шпанска серија овој нешто како случајно и ја бутнал мачката од прозор па ја заменил демек ќе ја изманипулира и мачкава по 3 месеци се појавува со лузна на главата цела исфустрирана и го напаѓа типот. Посакувам само да траеме исто колку и малечката невеста, знаеш нема крај на тоа. Само осмели се да ми готвиш 5 серии и побрзо ќе те решам отколку што се решаваат Том и Џери.Кога ќе размислам доста потсетуваме на нив, ти наивен и изгубен, а јас итра и снаодлива па си поигрувам и те малтретирам, сепак тоа е љубов. Ова нашево во секој филм го има,иако сум убедена дека не би ме оставил на суштеството во грмушката од хорор филмот како што инсистираше дека би направил, затоа што тогаш заедно со него ќе треба да бегате од мене. Па и за во акцијата имаме квалификации после караниците. Е тоа ти е другар љубов од филмовите.

Испржени емоции

Image

– Другар премногу си се променил.

– Чекај малце, кога престанав да го трошам цело време за вашата удобност и да се замарам во секој момент да сте среќни тогаш приметивте дека сум сменет? Толку модринки на рацете и патетични изговори за да се исплачам цела вечер не приметивте, а сега кога не ви одам по ќејф само за да се чувствувате добро за себе се посомневавте дека сум се сменил? Од денес како они со мене така ја со нив. Ниту грам нема да попуштам, затоа што не заслужуваат. Милион шанси и милон разочарувања. Го нема повеќе невиното лица кое трчаше на секој ваш повик и секој можен пат пружеше помош, па дури и кога нему му беше повеќе потребна одколку на останатите.Трпи,ќути е не иде така. Сега нервозата е ладнокрвност,осаменоста е храброст, а помошта стана жед за одмазда. А пробав да бидам добар и разбран…

-Стој малце другар,каква одмазда… А што стана со тие кои те сакаат?

-Хаха добро е си имал страна за хумор. Јас ја љубев таа си играше со мене. Сите ја интересираа, особено женкарите кои никогаш нема да и обрнат внимание. Секако сите освем јас, а сега кога сум груб и ладен се сети да ме бара и да ми цимолиза тоа како сум се сменил. Другарите? Се срамам што сум допуштил да им поставам таква важност на тие. Да да истите тие кои пред пет минути ме одминаа без ниту здраво да кажат. Додека мене последната нерва ми се спојува и ќине по шестнаесетти пат тие пијат и се забавуваат со женската која следниот ден ќе им  стане една од списокот, а кутрата мислеше им значи нешто… Исто како мене… Како секој можен до сега што ми влегол во животот да ми бил пролазна лекција. Учи сега па применувај подоцна така? И од сите тие предавања конечно пронајдов поради што сите стоеле на пет метри оддалеченост од мене.

-Е што е причината кажи ми?

-Многу едноставно, ако се помрднат еден минијатурен чекор би ме погодиле со своте десет маски кои ги ставаат во мое присуство.

Збогум совршенство – Јована Андовска

Image

Нејзината потсвест и срце целосно беа манипулирани и заслепени. Целиот организам го претвори во индустрија која што единствено продуцираше мисли и емоции насочени кон него и никој друг. Не добиваше пауза ни кога спиеше. Со помислата на него и таа скоро совршена насмевка се будеше и легнуваше.
Сепак секој се води по своите лимити и има ниво на толеранција додека целосно не му се распрскаат мислите. Го сакаше. Повеќе од себе. Повеќе од сите останати кои што имаа некаква улога во неговиот живот. Колку повеќе го покажуваше тоа, тој толку повеќе ја оттурнуваше од себе. Но не беше секогаш така. Во одреден период таа целосно се препушташе и уживаше во неговата придружба… Знаеш и даваше некое посебно значење на животот и ја тераше да почувствува нешто што другите не можеа. Тоа беше совршенството што голем број луѓе во текот на целиот живот неможеа да го пронајдат а таа го имаше токму до себе,всушност лежеше на неговот рамо додека гледајќи во нејзините очи тоа совршенство и повторуваше како никој не ја сака како него и и даваше чувство на припадност и храброст. Кога тој беше нејзин имаше идентична замисла како целиот свет да беше нејзин . Се трудеше и се бореше,не само за него,се бореше за двајцата. Само со него како ништо да не беше доволно. А тој пак! Како на нивото на интелегенција да му недостасуваше целосна половина па неможеше да примети дека го сака па дури и на чело да му напише. И тој ја сакаше,само незнам дали неговата гордост пред себе или неговото лице пред ”другарите” беа заслужни за причината што никогаш не го покажуваше тоа. Е сега другарите нека му тврдат дека каков и да е ке го сакаат и дека немора да се труди да испадне фаца пред нив колку да биде прифатен или да му кажат дека без разлика на се ке го сакаат затоа што едноставно несакаат ни да замислат ден без да го слушнат а да не почувствуваат некаква празнина. Всушност додека тежнееше и го бараше совршенството целосно го пропушти. Ја пропушти личноста која беше спремна да биде се и да даде се, за разлика од останатите на кои им беше пролазна играчка. И се поради тоа што неможеше да одвои едно проклето ТЕ САКАМ во денот.. Само тоа и требаше.

Надокнаден недостаток – Јована Андовска

Image

   Малечката несвесно стана палеофрон. Целата фантазија и возбуденост одеднаш беа исцрпени од неа. Ја исцедиа од последните чувства кои едвај ги прилепуваше одново на скоро невидливото срце. За да го достигне идеализмот во очите на останатите целосно ја изгуби способноста да чувствува. Ја оставаат? Не пушта ниту солза. Ја нервираат? Сосема спротивно,одамна нејзините нерви заборавија да се подигнуваат на провокации и караници. Рационалистички размислувано тоа е совршено нешто,ништо да не боли…Секако кај секое совршенство постои недостаток со свои последици. Така кажано на истиот начин на кој и беа исцрпени депресивните чувства и беа одземени и позитивните. Додека сите беа весели и полни со радост она единствено посакуваше нереалната насмевка прикриена со црвен кармин да биде  од срце барем еднаш. Празноста ја натера да се чувствува фалично и ништо неможеше да надокнади за тоа,или барем така мислеше.
   По обичај дојде времето за вечерната прошетка не кејот. Трчајќи го собра паќетчето М&М бомбони и шишето вода,по што веднаш излезе.Со секој направен чекор како се подлабоко да навлегуваше во мислите со што во еден момент и целосно се изгуби во нив.Одејќи несвесна за својата околина единствено што слушна беше велосипедксо ѕвонче по што се најде струполена на патот.
Тој:–Добра си?

Таа:–Толку ли е комплицирано да гледаш пред себе?

Тој:–Малечка ти си таа што одеше право кон мојот велосипед иако уште од километри оддалешеност ме види.

Таа:–Не ме викај малечка…Немам време за ова,едноставно да заборавиме и да си го продолжиме патот.

ТОј:–Договорено.-одговори високото смеѓо момче и исчезна.

За првпат по толку долго почувствува лутина,сепак и тоа е нешто.Поминаа две  недели,а од смеѓиот немаше никаков знак.После училиште за да се тргне од бучавата,заврши во еден од помалку познатите кафичи во градот.Додека седеше и ја читаше својата книга слушна позната насмевка,иако никако не можеше да се присети каде порано ја има слушнато.До нејзината маса седнаа пет пристојно облечени машки,но за разлика од нивното облекување однесувањето им беше сосема идентично на мало детенце.Додека си играа војна со малите паковања шеќер,еден од нив ја погледна како да ја препозна и да признаеме,чувството од другата страна беше идентично.Веднаш по тоа сите другари освем тој станаа од масата и седнаа во соседната просторија додека тој полека ја приближи масичката веднаш до неа.На почеток таа се обидуваше да го игнорира,но тој упорно ја гледаше со детска помалку чудна насмевка,се додека не проговори:

Тој:-Се знаеме?
Таа:-Не верувам.-веднаш оговори продолжувајки ја својата книга.
Тој:- Ооо па ти си изгубената малечка.
За момент се вкочани,ја затвори својата книга и спремна да си отиде ладно одговори:
-Си заминувам.
Тој ја фати за рака и гласно ја замоли:
-Мораш како извинување да го прифатиш кафето кое да нагласиме е нарачано.
Таа:-Уфф само затоа што е нарачано.

Со часови седеа и зборуваа со што постепено се што со години немаше почувствувано се надокнади во тој краток период.По тој ден постојано излегуваа на најразлични состаноци и зборуваа со часови…И ете го,единственото нешто што мислеше дека никогаш нема да дојде во пресрет со нејзиниот ум и срце..Целосно и неконтролирано се заљуби во него.Во средина на зимскиот распуст,во 7 часот наутро зазвони нејзиниот мобилен.
Тој:-Веднаш симни се во паркот,неможам да зборувам се ке ти објаснам,ужасно е едвај се движам.-задишан едвај зборјки ја извести.
Таа без никакви дополнителни прашања се симна додека нејзините очи целосно беа полни со солзи бидејки незнаеше што да очекува.Парток беше бела земја на чудата а во средината до која водеа единствените стапки по снегот се наогаше снешко кој во рацете држеше две лифчиња на кои пишуваше:БИДИ МОЈА.
Тој:-Нели е ужасен снешково,сепак машко сум и пробав.-Насмеан извика кога се појави позади неа.
Во исто време ги почувствува сите можни емоции познати на научниците.По својот инстинкт прво го бутна во снегот и го погоди со топка снег директно в глава бидејки ја налути и и свори паника,а потоа му се фрли,го прегрна по што го бакна и рече само: ТВОЈА СУМ.

to be continued..

Искушенија и се останато-Jovana Andovska

Image

*Од една страна сум заентересиран колку е посебен што те има,а од друга страна размислувам дали воопшто е свесен за своето поседување. Доколку би бил на негово мето не би пропуштил ниту еден минијатурен делаљ. Колку е да е невозможно да си со мене човек како човек може да сонува,го има тоа право. Можеби токму поради арогантноста и пребарувањата немам никој со кој споделувам лошо и добро. Ама ете токму ти си таа што ги совлада моите барања а сепак неможам да те имам.

*Доволно сум сигурна дека сите оние кои што понекогаш не потпаѓаат на искушение живеат прилично обичен и досаден живот. Секој ден иста приказна одпочеток. Иста препејувана песна со копнеж по ново. Сепак без ризик кон непознатото неможеш да очекуваш  и нешто поразлично. Читајте и раскажувајте нечии авантури наместо да ги стварате своите.

*Никогаш не дозволувај некој да те натера да почувствуваш дека не си достоен за она кое го посакуваш. Самиот ти си оној кој решава за себе. И за интусијастична промена,еднаш биди она што си,а не она што општеството посакува да бидеш.

Mашки парфем,женска дрога-Jovana Andovska

Image

Одкако еднаш ке им дозволиш на сетилните клетки за мирис да спобудалат од машкиот мирис нема враќање. Најдобро кажано тоа е необјаснива појава која не се споредува ниту со рајот. Кога подобро ке размислиме тој единствен мирис е припадник на тоа единствено машко. На токму оној кој секогаш се појавува пред нашите очи кога во близина ке насетиме капка од самиот парфем. Оној чија кошула е поплавена во тој мирис во којшто да признаеме сите целосно се предаваме.И оној за кој си замислуваше планови како да провалиш за притајно да се шприцнеш неколку пати од парфемот на дечко си. Сепак се што е толку добро може да стане и неподносливо. Штом ке се навикнеш на парфемот има шанси и да дојде со ситуација да си принудена да се одвикнеш, со што парфемот секогаш кога ке помине во твоја насока во своите честички со себе ке ги носи болните мемории од што некогаш беше твојот рај…

Единствената Јулија за него – Јована Андовска

Image

Убавица! Црни високи потпетици и црвен дизајниран фустан.А до неа? Едвај приметлив прцул кој едвај достигнуваше 160 цм. Кој би рекол дека баш тој прцул би станал љубовта на мојот живот. Нејзиниот лик е оној со кој заспивам и наутро го пиам првото горчеливо кафе. За разлика од кафето таа е слатка,би ја ставил во видот бомбони кои ке ти донесат уживање или пак кариес;се по своја заслуга. До скоро време беше новостекнатата пријателка,но по редовните вечерни телефонски разговори со траење од 3 часа стана самата замисла на моето постоење. За карактерот пак да не збориме. Има недефинирана несмасност чии последици постојано ги исправам и средувам. Кога писка гласно си поиргува со сите можни пристутни нерви во моето тело,а сепак иронично неможам да се најдам во состојба да и се налутам. Најпосебна е затоа што не е како ниту една друга. Наместо скапи ресторани практикува домашно приготвена и понекогаш изгорена вечера. Преферира вечер помината со филм имојата омилена игра од дискотеки и гужви,всушност ги мрази гужвите и тутканиците. Се однесува како мало детенце и нејзината поспана фаца е проклето неодолива. Таа ми е се!  Сите останати за неа се плагијатори. Чудно како најчесто оние кои најмалку очекуваме завршваат како наша подобра половина, како на пример прцулот кој целосно го исполни просторот во моето срце и памет.

Не уште едно љубовно клише-Јована Андовска

Image

-Излези будало,викни колку ја сакаш цел свет да слушне.
*Не пријателе,она сега нему му припаѓа,сега е во неговите прегратки и за него прави од нејзините прочујно познати пуканки.
-Сакаш да ми кажеш дека ке дозволиш да замине со тој клошар? Истиот што пред две вечери замина со две девојки одеднаш.
*А што можам да направам?! Што може еден прост дечко кој неможе многу да и даде да направи ?
-Безнадежен си,да почнеме од почеток… Всушност она што мене ме интересира е што гледаш во неа ?
*Секој пат кога ке ја видам е поубава од предходниот ден,кога нејзиното мало тело го држам в раце чусвтвувам патем сиот свет ми е на дланка,несмасна поради што обожувам едноставно да и помагам ; конкретно што и требам, не паметам долго да ми останала лута иако често знам да претерам со шегување…Единственото нешто што неможам никогаш да го заборавам е погледот кој го добивав секој пат кога ке ме видеше; преоплнет од љубов,без тронка сомнеж и како да и бев се…просто се вљубив во неа и би можел цела вечер да зборам.
 **voice message sent**
 Поминаа 15 минути и на вратата од кафеанчето се појави таа со црвените обравчиња на кои се гледаше по малку штотуку нестопен снег.Отпрво тој не веруваше на своите очи,само што се приближи до него скокна и веднаш ја прегрна;гледајки во својот пријател кој притајно се смешкаше по што му стигна порака:
-Среќна нова година пријателе.